Србија

Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември и ќе ја започне кампањата за парламентарните избори

15.09.2026 10:08

Тој ќе ја предводи листата „Обединета Србија“, формирана околу Српската напредна странка.

Српскиот претседател Вучиќ најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка и ќе ја започне кампањата за парламентарните избори закажани за 25 октомври. Тој ќе ја предводи листата „Обединета Србија“, формирана околу Српската напредна странка. Во пресрет на изборите „Студентска листа – Студентите победуваат“ ги претстави сите 250 кандидати за пратеници. Листата ја предводи кардиологот Илија Срдановиќ, а меѓу кандидатите се професори, лекари, уметници, активисти и спортисти, меѓу кои и поранешниот репрезентативец Дејан Бодирога. Студентите велат дека листата ја граделе повеќе од една година преку блокади, пленуми и заедничка работа.

„Очекувам победа, ништо друго, бидејќи ако студентите не победат, сите ќе изгубиме“, изјави Алекса Аксиќ, жител на Белград.

„Сите што дојдоа тука очекуваат промена, промена на овој систем. Немаме друг избор освен да ги поддржиме овие деца“, изјави Александар Радошевиќ, жител на Белград.

Вучиќ најави кампања низ Србија и големи митинзи, како и телевизиска дебата со носителот на студентската листа.