Москва и Киев продолжуваат со напади, НАТО собори дрон над Литванија
Во Киев погодена бензиска пумпа, од друга страна Москва пријавува за удари врз рафинерија за нафта во Самарската област и магацин во Таганрог. Во меѓувреме, НАТО авион собори дрон над Литванија, кој најверојатно долетал од Белорусија. Во Вилнус и околината беше активирано предупредување за воздушна опасност.

Нов ден напади во Украина и Русија, во услови на најавен договор за воздржување од удари врз енергетската инфраструктура. Во Киев погодена бензиска пумпа, од друга страна Москва пријавува за удари врз рафинерија за нафта во Самарската област и магацин во Таганрог. Во меѓувреме, НАТО авион собори дрон над Литванија, кој најверојатно долетал од Белорусија. Во Вилнус и околината беше активирано предупредување за воздушна опасност.
„Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион“, рече Гитанас Науседа, претседател на Литванија.
Нападите се случуваат по објавата на Трамп дека Киев и Москва се согласиле да ги запрат ударите врз енергетската инфраструктура. Зеленски изјави дека Украина е подготвена на воздржаност, но бара гаранции дека Москва ќе го почитува договорот.
„Доколку нашите партнери се подготвени да ја осигурат искрената желба на Русија да не ја напаѓа нашата електрична мрежа, нашите други енергетски објекти, критичната инфраструктура или транспортот на храна, тогаш ние, секако, сме подготвени да обезбедиме соодветна воздржаност во нашите напади“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Кремљ засега не потврдува дали ќе возврати со истата обврска.
