Расчистена серија тешки кражби во пет градови, приведени две лица
При преземањето на мерките, со судска наредба биле извршени претреси во домовите на осомничените, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.

Полицијата расчисти серија тешки кражби во Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип. Лишени од слобода се две лица од Кочани, на возраст од 26 и 43 години, кои се сомничат за повеќе кривични дела извршени во текот на август и септември.
Според МВР, В.З. (26) и Д.С. (43) се сомничат дека заедно извршиле седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, како и три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила. В.З. се сомничи и за кривично дело спречување на докажување.
При преземањето на мерките, со судска наредба биле извршени претреси во домовите на осомничените, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од наведените кривични дела.
По целосното документирање на случаите, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
