МВР

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за злоупотреба на службената положба

15.09.2026 13:32

Според полицијата, пријавениот, во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основното образование, донел одлука со која незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (66) од струшкото село Биџево, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Според полицијата, пријавениот, во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основното образование, донел одлука со која незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.

Од МВР информираат дека градоначалникот знаел оти новоназначеното лице не ги исполнува во целост условите пропишани со член 118 од Законот за основното образование.

Неправилностите биле констатирани и при инспекциски надзор извршен од Државниот просветен инспекторат.