Нова помош за Китановски
Топлина и среќа влегоа во домот на семејството Китановски од скопски Припор
По приказната што ја објави Македонската радио телевизија животот почна да им се менува. По вработувањето на најголемото дете,понуда за работа доби и нивната 18 годишна ќерка Моника. Во дворот пристигна и камион со дрва, како и храна и облека.Почнаа да им се исполнуваат желбите. Јована доби блок и боички, ќе нацрта среќно семејство .
- Сакам да нацртам кука , дете и пеперутка
Хуманите луѓе трогнати од сиромаштијата на ова семејство, веќе почнаа да им помагаат.
- Срекни сме што успеавме накратко да ја вратиме насмевката на овие деца,бидејки се работи за семејство кое на работ на егзистенцијата рече Аземина Машович ,задолжена за маркетинг во градежна компанија.
Детските лица не можеа да ја скријат возбудата. За првпат облекоа нови патики.
И овој студен и маглив ден го стопли срцето на Васка . Среќна е што ја доби долгопосакуваната машина за перење алишта .
Дојде машината за перења ,прибор за децата ,пресреќна сум рече васка Китановска .
Борбата за егзистенција на семејството Китановски продолжува. Се надеваат дека 2014 тата година ќе им ја подобри живеачката. Дијана Ценевска
