„Ало докторе“: 17 специјалисти достпани 24 часа за помош на граѓаните

01.10.2014 12:27

На отворената телефонска линија 15 123 „Ало докторе“, од денеска уште четворица специјалисти, тројца интернисти и еден оториноларинголог, ќе даваат медицински совети  на граѓаните.

Со тоа вкупно 17 специјалисти 24 часа ќе им бидат достапни на граѓаните за соодветна здравствена услуга преку совет, соодветна симптоматска терапија и на сите оние на кои им е потребна службата за итна медицинска помош ќе го пренасочат повикот кон 194.

Во изминативе два дена на „Ало докторе“ се јавиле 232 лица за медицински совет, а на две лица поради состојбата за која се јавиле им било потребно и укажано да ја побараат службата за итна помош.