Формула 1

Формула 1 го подготви календарот за 2027 година, неизвесни трките на Блискиот Исток

15.09.2026 13:08

Сезоната е предвидено да започне на 14 март со Големата награда на Бахреин, а една недела подоцна ќе се вози во Саудиска Арабија. Сепак, одржувањето на двете трки на Блискиот Исток останува неизвесно.

Формула 1 ја финализираше верзијата на календарот за сезоната 2027, кој официјално треба да биде објавен во среда, 16 септември, по формалното одобрување од Светскиот совет на ФИА.

Сезоната е предвидено да започне на 14 март со Големата награда на Бахреин, а една недела подоцна ќе се вози во Саудиска Арабија. Сепак, одржувањето на двете трки на Блискиот Исток останува неизвесно.

Поради тоа, направени се промени во летниот дел од календарот. Помеѓу трките во Унгарија и Шпанија ќе има пауза подолга од еден месец, додека официјалната летна пауза е продолжена на четири недели. Со тоа се отвора можност за евентуално презакажување на трките и вметнување дополнителна трка.

Како потенцијални замени за трките на Блискиот Исток се споменуваат Барселона и Зандворт, кои ги загубија своите постојани места во календарот.

Според прелиминарниот распоред, сезоната ќе заврши на 5 декември со Големата награда на Абу Даби. Во календарот се предвидени вкупно 24 трки, меѓу кои и трките во Австралија, Кина, Јапонија, Мајами, Монако, Канада, Велика Британија, Италија, Турција, САД, Мексико, Бразил и Катар.