Собрание

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на демократијата

15.09.2026 17:02

Наместо со пратеници, собранието исполнето со ученици. На меѓународниот ден на демократијата испратена порака – демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата.

Демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата, беше порачано денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во Собранието.

Учениците прашуваа, најмногу ги интересираше како пратениците се договараат кога мислењата се поделени

Оној што размислува различно не е непријател на оној што размислува поинаку. Демократијата е степен на општествен развој во кој одлуката на мнозинството се почитува и од оние што не успеале да ја наметнат својата позиција. Тоа не е слабост, туку израз на политичка култура – истакна Милошоски.

Марина Стојанова – Тонева