Економија

За стопанството намаленото ДДВ ги балансира цените, граѓаните бараат поевтино

15.09.2026 14:58

Нема крај на стабилизацијата на горивата глобално. Владината интервенција за намаленото ДДВ кај дизелот за стопанството ги балансира цените и не дозволува ценовни шокови, барем во овој период. За подолгорочно потребни се побрзи инфраструктурни процеси и гасоводни линии. За граѓаните поевтиното би било поприфатливо…

Намалувањето на ДДВ-то на дизелот на 10 проценти ќе го одржи балансот меѓу цените на дериватите и трошоците на транспортерите и на производителите, сметаат од Прилепската регионална стопанска комора. Ценовниот баланс е најбитен во овој период.

Граѓаните со свои пресметки и ставови.

Засега не се очекуваат ценовни шокови, зашто производителите и транспортерите овие флуктуации на горивата ги имаат вкалкулирано во трошоците. За подолг рок многу е битна побрза инфраструктурна, но и гасификација.

Пресметките од владината мерка на намалено ДДВ кај дизелот покажуваат заштеда од 12 денари од литар. Мерката ќе трае две недели.

Елизабета Митреска