Сончево со мала облачност, попладне услови за краткотраен дожд
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Наместа, особено во попладневните часови, ќе има услови за појава на слаб и краткотраен локален дожд.

Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Наместа, особено во попладневните часови, ќе има услови за појава на слаб и краткотраен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневната температура ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне 23 степени.
Во наредниот период следува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен дожд.
