Економија
Македонско-австриски бизнис форум во Скопје
16.09.2026 10:41
На форумот ќе учествуваат претставници на бизнис-заедницата од двете земји, а меѓу говорниците ќе биде и министерот за транспорт Александар Николоски.

Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје – Advantage Austria, организираат македонско-австриски бизнис форум.
На форумот ќе учествуваат претставници на бизнис-заедницата од двете земји, а меѓу говорниците ќе биде и министерот за транспорт Александар Николоски.
Во фокусот на настанот ќе бидат можностите за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, зголемување на трговската размена и отворање нови можности за инвестиции и деловно поврзување меѓу компаниите.
