Наумовски: Акцент на економските и политичките односи меѓу Македонија и САД

01.10.2014 13:03

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции паралелно ќе ја извршува и функцијата преговарач во спорот за името на местото на актуелниот министер за одбрана, Зоран Јолевски...

Новиот македонски амбасадор во САД, Васко Наумоски пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави платформата  за работа во неговиот мандат. Амбасадорот истакна дека акцент ќе биде ставен на економските и на политичките односи меѓу Македонија и САД.

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции паралелно ќе ја извршува и функцијата преговарач во спорот за името на местото на актуелниот министер за одбрана, Зоран Јолевски.

„Следната средба помеѓу претставниците од две страни би тебало да се одржи до крајот на годинат, на која ние ќе продолжиме да ги раменуваме нашите мислења и идеи во однос на разликата што постои околу името. Во овие разговори Македонија настапува со јасно изразена волја да се надмине таа разлика, но за жал впечатокот е дека кај другата страна во овој момент постои еден недостиг на мотивација, но и покрај тоа ние ќе продолжиме да разговараме со нашиот сосед“, нагласи Наумовски.