Ескалираат состојбите на Блискиот Исток
Саудиската противвоздушна одбрана тврди дека пресретнала и уништила дрон на Хутите јужно од Мека. Јеменските Хути ги отфрлија тврдењата и објавија дека Ријад извршил повеќе од 450 воздушни напади во Јемен, предизвикувајќи цивилни жртви...

Ескалираат состојбите на Блискиот Исток. Саудиската противвоздушна одбрана тврди дека пресретнала и уништила дрон на Хутите јужно од Мека. Јеменските Хути ги отфрлија тврдењата и објавија дека Ријад извршил повеќе од 450 воздушни напади во Јемен, предизвикувајќи цивилни жртви. Групата поврзана со Иран тврди дека соборила саудиски авион Ф-15 над Мариб. САД ги предупредија граѓаните да ги преиспитаат патувањата во Саудиска Арабија.
„Фабрикуваните приказни и лаги што ги шири криминалниот саудиски режим во врска со наводното таргетирање на света Мека не можат никого да измамат. Не постои никаква закана од Јемен кон светите места, нашите операции се насочени кон нивните нафтени постројки и воени бази и се далеку од светите места“, изјави Јахја Сари, воен портпарол на Хутите.
Организацијата за исламска соработка го осуди нападот врз светиот град на исламот. Групацијата – составена од 57 земји со мнозинско муслиманско население – ја осуди „тековната агресија врз Кралството Саудиска Арабија“. Саудиска Арабија вчера издаде безбедносни предупредувања за делови од земјата, вклучително и за Мека и други градови, по нападите во текот на неделата.
