Култура

„Дијалог на форми“ – изложба на македонски уметници во Софија

16.09.2026 12:22

Изложбата, со почеток во 18:30 часот, претставува избор на дела настанати за време на одбележувањето на православниот празник Свети Трифун во Кавадарци.

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе биде отворена ликовната изложба „Дијалог на форми“, која ги обединува делата на значајни имиња од македонскиот ликовен живот.

Изложбата, со почеток во 18:30 часот, претставува избор на дела настанати за време на одбележувањето на православниот празник Свети Трифун во Кавадарци.

Настанот се реализира во соработка меѓу Музеј-галерија Кавадарци и Македонскиот КИЦ во Софија.

„Дијалог на форми“ ќе биде отворена за посетителите до 6 октомври 2026 година.