МВР

Претреси во скопско- пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица

16.09.2026 19:09

Од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје соопштија дека на 16 септември, околу 00:20 часот, бил лишен од слобода 34-годишниот Д.Ц. од Брњарци. При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Полицијата приведе две лица од скопското село Брњарци по претреси во нивните домови, при што кај едниот биле пронајдени марихуана и опрема за мерење, а кај другиот пиштол, куршуми и материјали за изработка и полнење ловечки патрони.

Од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје соопштија дека на 16 септември, околу 00:20 часот, бил лишен од слобода 34-годишниот Д.Ц. од Брњарци. При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Претходно, на 15 септември околу 23:45 часот, полицијата го лишила од слобода и 38-годишниот И.Б. од Скопје. При претресот во неговиот дом биле пронајдени пиштол и 23 куршуми, 20 ловечки патрони, ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење ловечки патрони, кутија со каписли, како и алатки за изработка и полнење патрони.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.