МВР

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, и двајца општински вработени

16.09.2026 11:51

Според пријавата, 69-годишниот Р.М., во периодот додека бил градоначалник на Општина Струга, со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струга Р.М. и двајца вработени во општината поради сомнение за несовесно работење во службата, поврзано со издавање одобрение за градење.

Според пријавата, 69-годишниот Р.М., во периодот додека бил градоначалник на Општина Струга, со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

Кривично се пријавени и А.Б.(40) од Струга и Н.Р.(57) од струшкото село Поум, кои во општината биле ангажирани како советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина, односно како помошник раководител на истиот сектор.

Според МВР, двајцата претходно незаконски го изготвиле одобрението врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, по што одобрението било издадено спротивно на Законот за градење.