Регион

Во Косово големи собири пред изрекување на хашката пресуда за поранешните водачи на ОВК

16.09.2026 11:05

Дел од граѓаните ја поминаа ноќта плоштад, а од утрово им се придружуваат и други сограѓани во исчекување на одлуката.

Во Приштина и другите градови во Косово големи собири пред изрекување на хашката пресуда за поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи.

Дел од граѓаните ја поминаа ноќта плоштад, а од утрово им се придружуваат и други сограѓани во исчекување на одлуката. Набљудувачите во Косово веруваат дека обвинителството не успеало да докаже дека четворицата поранешни водачи на ОВК биле дел од заеднички злосторнички потфат и дека немало командна структура способна да издава наредби во сите зони каде што ОВК била оперативна.

Во последните денови, странските амбасади во Приштина најавија можни реакции по пресудата.