Сончева енергија за помали сметки

Граѓаните се запознаваат со можностите на просумер-концептот

16.09.2026 13:34

Сметките за струја растат, но, може ли сонцето да ги намали? Просумер-концептот во земјава сè уште е во зародиш, а многу граѓани не знаат како функционира. Во Битола презентација – од соларни системи до печка што готви со сончева енергија.

Цената на енергенсите од година в година расне. Според анализите, немаме значаен процент домаќинства кои самостојно произведуваат електрична енергија за сопствени потреби или просумер концепт за којшто граѓаните и воопшто не се информирани.

Од Центарот за климатски промени велат дека меѓу македонските граѓани во зародиш е производството на електрична енергија преку поставување на независни системи. А, просумерите ќе имаат двојни придобивки.

На соларниот саем во Битола, граѓаните се запознаваа и со можностите на соларната печка која може да им користи за бесплатно готвење преку користење на чиста зелена енергија.

Концептот на размислување треба да го смениме и како приоритет да ја ставиме здравата животна средина, а дури потоа економскиот аспект, објаснуваат од Центарот за климатски промени.

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска