Поголема едукација за рано откривање на рак на дојка

01.10.2014 13:12

На меѓународниот месец  на свеста за борбата против ракот на дојката, апели за поголема едукација за рано откривање  на болеста.

Превентивните прегледи на пациентките се клуч за подобар живот. Пациентките на Клиниката за тораковаскуларна хирургија доаѓаат со напреднат стадиум на ова најчесто малигно заболување кај жената. Просечната големина на тумор со која одат на операција е три сантиметри, додека во светот таа е 1 до 1,5 см. Годишно во Македонија се детектираат околу 700 новозаболени.

Според податоците на светската здравствена организација, со преку 8,2 милиони смртни случаи во 2012-та, малигните заболувања се меѓу главните причини за смртност.