Македонија

УХМР: До сабота стабилно време, од понеделник дожд

16.09.2026 15:18

Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура, информира УХМР.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник.

Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура, информира УХМР.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.