Изборен законик

ДИК: Останува партиите да се договорат за Изборниот законик

16.09.2026 16:34

Државната изборна комисија не може да се меша во барањата на партиите за Изборниот законик. Потпретседателот Демири појасни дека комисијата ги доставила своите предлози до Министерството за правда. Се друго, вели, е работа на пратениците…

Државната изборна комисија само следи што се случува околу Изборниот законик и неговото евентуално носење во Собранието. Додека политичките партии си пуштаат сигнали за повторно седнување на заедничка маса и евентуално постигнување на консензус по отворените прашања, од ДИК велат, дека до Правда ги испратиле испратиле нивните предлог-измени. Последниот збор го имаат пратениците, да ги донесат измените во Изборниот законик и да ги имплементираат.

Засега состојбите остануваат статус кво и власта и опозицијата имаат свои барања, од една изборна единица до гласање на дијаспората. Двете страни се подготвени за разговор, но прво бараат другиот да излезе со јасен договор.

Темата за продолжување на работата на работната група во правда била отворена и на последната координација кај спикерот Гаши. Сега се чека министерот Шасивари да оствари средби со претставниците на политичките партии, со што, како што посочи, дијалогот за Изборниот законик би продолжил и би се нашло решение за отворените прашања.

Миле А. Ристески