Европска унија

Фон дер Лајен ја покани Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

16.09.2026 12:51

Фон дер Лајен оцени дека ЕУ и Канада треба итно да го редефинираат партнерството и да ги подигнат односите „на највисокото можно ниво“. Иако статусот на придружна членка во моментов не постои во договорите на ЕУ, тој би можел да опфати продлабочена соработка во одбраната, енергетиката, новите технологии, вештачката интелигенција, критичните суровини и Арктикот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи Канада да стане првата придружна членка на Европската Унија, како нов облик на партнерство што не би значел полноправно членство. Предлогот го упати до канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент во Стразбур.

Фон дер Лајен оцени дека ЕУ и Канада треба итно да го редефинираат партнерството и да ги подигнат односите „на највисокото можно ниво“. Иако статусот на придружна членка во моментов не постои во договорите на ЕУ, тој би можел да опфати продлабочена соработка во одбраната, енергетиката, новите технологии, вештачката интелигенција, критичните суровини и Арктикот.

Канада и ЕУ веќе имаат договор за слободна трговија, а Отава неодамна се вклучи и во европската програма за финансирање на одбраната. Карни претходно порача дека Канада не бара полноправно членство, туку „единствен сојуз“ со Унијата.

Иницијативата доаѓа во период на влошени трговски односи меѓу Канада и САД, додека Карни настојува да ја намали зависноста од американскиот пазар и да ги зајакне економските и безбедносните врски со Европа. Канадскиот премиер утре треба да им се обрати на европратениците во Стразбур.