Седлоски повика 28 фудбалери за стартот на Лигата на нации
Македонија го отвора циклусот на 26 септември со домашен дуел против Швајцарија, а три дена подоцна ќе гостува кај Словенија во Љубљана. На 3 октомври следува домашниот натпревар со Шкотска, а циклусот завршува на 6 октомври со гостување кај Швајцарија во Луцерн.

Селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот од 28 фудбалери за претстојниот циклус во УЕФА Лигата на нации, кој за Македонија носи четири натпревари во само 11 дена.
Македонија го отвора циклусот на 26 септември со домашен дуел против Швајцарија, а три дена подоцна ќе гостува кај Словенија во Љубљана. На 3 октомври следува домашниот натпревар со Шкотска, а циклусот завршува на 6 октомври со гостување кај Швајцарија во Луцерн.
На списокот се најдоа и четворица дебитанти – Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум. Поради повреда, во овој циклус нема да настапи дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов.
Седлоски повика поширок состав со оглед на густиот распоред и можноста за ротации во текот на четирите натпревари.
Македонија во новото издание на Лигата на нации ќе настапува во групата Б1, заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.
