Практични обуки за наставниците по физичко образование

01.10.2014 13:28

На Факултетот за физичка култура се изведуваат практичните обуки како дел од проектот „Континуирано усовршување на наставниците и на професорите по физичко образование“ од основните и средните училишта.

Трета година по ред Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Бирото за развој на образованието и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, го реализира проектот за континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено образование во основното и наставниците по спортски активности од средното образование.

Целта е да се придонесе за постојан професионален развој на работата на наставниците, оспособување за примена на нови образовни технологии и унапредување на физичкото образование и спортот.