транспорт

Николоски: Проблемот со превозниците се решава со билатерални договори

16.09.2026 17:41

Моменталната состојба со превозниците предизвикува големи штети, како за нив самите, така и за стопанствениците, чија стока останува незаштитена, таму каде што возачите ќе бидат сопрени, велат од Македонската транспортна асоцијација...

Најголемите инвестиции во Македонија се австриски, но за да се унапредува извозот, мора да се реши проблемот со превозниците.

Решението се гледа во потпишување на билатерални договори со поединечните земји од шенген зоната, со цел овозможување на слободен проток на стоки.

Моменталната состојба со превозниците предизвикува големи штети, како за нив самите, така и за стопанствениците, чија стока останува незаштитена, таму каде што возачите ќе бидат сопрени, велат од Македонската транспортна асоцијација. Додаваат, до новата визна стратегија во 2027-ма година, билатерални договори ќе бидат преодно решение.

Транспортна асоцијација одреди пакет мерки за помош, со цел обезбедување флексибилност и финансиска стабилност за превозниците. Мерките предвидуваат зголемување на дневниците, забрзување на потпишувањето на билатералните договори, побрзо враќање на ДДВ-то, патната такса при регистрација на возниот парк да биде вратена во целост, а за нови регистрации да се плаќа минимум 30% од вредноста, без право на поврат.

Марија Котовска