Јаневска: Ранг-листите за сместувањето во студентските домови се транспарентни

16.09.2026 16:06

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

Јавноста мора да знае по кои критериуми е избран едниот, а одбиен другиот, велат од партијата Левица. Укажуваат дека ова не е прашање на добра волја на министерката, туку на правила што Министерството е должно да ги почитува.

„МОН не може да се правда дека не знае колкав ризик создава ваквата нетранспарентност. Државниот завод за ревизија веќе утврдил дека за конкурсот во 2022/2023 година не му била доставена документација дека Министерството воопшто извршило бодирање согласно пропишаните критериуми. Апликациите биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без бодирање, а ревизорите недвосмислено заклучиле дека отсуството на бодовни ранг-листи овозможува субјективно постапување при распределбата на местата и фаворизирање на дел од студентите“, велат од Левица.

Во студентските домови веќе почнаа да се вселуваат студентите, а процесот се одвива без проблем. Директорот на студентските домови, Александар Каровски, за МТВ вели дека приемот се спроведува според листата која е објавена на страната на Министерството за образование.

За неколку месеци треба да биде пуштен во употреба и реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“. Таму ќе бидат сместени 280 студенти.

На овој конкурс примени се 1.695 студенти, а 20 проценти се чуваат за бруцошите кои во моментов аплицираат за сместување.

Викторија Милевска