Македонија

Под лупа финансирањето на прославата за независноста

16.09.2026 17:14

Јавното обвинителство сѐ уште анализира дали од кривично-правен аспект има повреда на законот со потрошените 5,5 милиони евра за прославата на денот на независноста. Антикорупционерите пак отворија предмет за евентуален судир на интереси на член на Комисијата што ја подготвувала програмата. Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања.

Јавното обвинителството сè уште анализира дали евентуално ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за 35 години независност. Ако се утврдат основи за тоа, ќе постапи, појаснува државниот обвинител Савески.

Од СДСМ и натаму со обвинувања дека Владата ја крие вистината од граѓаните. Бара Обвинителството да отвори истрага за парите за прославата на независноста.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија на обвинувањата, со тврдење дека СДСМ и ДУИ се заштитени од таканаречени „свои“ судии и обвинители.

Прославата за 35 години независност под лупа и на Антикорупциска.

Конкретен предмет немаме отворено, туку има предмет за можен судир на интереси. Се следи состојбата за финансирањето на прославата и се повикуваат институциите да постапат, ако има неправилности- вели Џемаиљи.

Според Владата, прославата била финансирана од општествено-одговорни компании и дека од државната каса не е потрошен ниту денар.

Милчо Велески