Финансирањето под лупа
Финансирањето на прославата за 35 години независност предизвика политички реакции и институционални проверки. Обвинителството сè уште анализира дали има основи за предмет.

Јавното обвинителството сè уште анализира дали евентуално ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за 35 години независност. Ако се утврдат основи за тоа, ќе постапи, појаснува државниот обвинител Савески.
Од СДСМ и натаму со обвинувања дека Владата ја крие вистината од граѓаните. Бара Обвинителството да отвори истрага за парите за прославата на независноста.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија на обвинувањата, со тврдење дека СДСМ и ДУИ се заштитени од таканаречени „свои“ судии и обвинители.
Прославата за 35 години независност под лупа и на Антикорупциска.
Конкретен предмет немаме отворено, туку има предмет за можен судир на интереси. Се следи состојбата за финансирањето на прославата и се повикуваат институциите да постапат, ако има неправилности- вели Џемаиљи.
Според Владата, прославата била финансирана од општествено-одговорни компании и дека од државната каса не е потрошен ниту денар.
Милчо Велески
