Балканците „шампиони“ во бегање од работа
Балканците се шампиони во „бегање“ од работа, покажала анализата на Мрежата за деловна поддршка.
Нивото на отсуство од работа и лажните боледувања во соседна Србија се повисоки за 35 насто од просекот на другите земји во регионот меѓу кои Македонија, Хрватска, Романија, Бугарија, Грција и Словенија.

Најголем проблем за странските компании во земјите на регионот се летните месеци кога вработените земаат лажни боледувања, со цел да се занимаваат со земјоделство и да работат на нивите, покажала студијата. Некои од податоците на студијата покажуваат дека четвртина од вработените меѓу 16 и 20 пати годишно бараат слободен ден, 17,4 насто од вработените ефективно работат пет часа, а само 6,6 проценти повеќе од 8 часа.
Најчеста причина поради недоаѓање на работа ја наведуваат болест на детето или одење на лекар, како и приватни административни работи, одење на суд, МВР, општина, селење, смртен случај и слично.