Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

17.09.2026 08:17

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.