Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година, ќе биде денеска пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците...

Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година, ќе биде денеска пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во извештајот, објавен на веб страницата на Собранието, во текот на 2025 година до Агенцијата биле доставени вкупно 626 жалби, поднесени против молчење на првостепените органи – иматели на информации, или против нивни одговори дадени во управни и реални акти.
Во извештајот се заклучува дека постои повеќе од потреба Агенцијата да го засили својот активен ангажман токму меѓу административните службеници и раководните структури, со цел значително да влијае во промената на бирократскиот менталитет и да го намали, а во перспектива и целосно да го елиминира молкот на управата.
