Гранични премини

Телесни камери за цариниците, системот денеска се промовира на ГП„Табановце“

17.09.2026 08:58

На граничниот премин Табановце денеска официјално ќе биде промовиран системот на телесни камери за царинските службеници. Камерите се обезбедени како донација преку ICITAP, програмата на Министерството за правда на САД, а нивното воведување има за цел поголема транспарентност, интегритет и професионалност во работата на цариниците.

Системот на телесни камери за царинските службеници денеска официјално ќе биде промовиран на граничниот премин Табановце.

Камерите се обезбедени како донација преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот оддел при Министерството за правда на САД.

На промоцијата ќе се обратат директорот на Царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава, Никол Варнс.

Воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.