Штип

„Скорпии“ одбележуваат 30 години од формирањето на единицата

17.09.2026 11:48

Со воена свеченост и дефиле во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе биде одбележан Денот на 2. пешадиски баталјон „Скорпии“ и 30-годишнината од неговото формирање. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени признанија и награди на припадници на единицата, како и благодарници на институции и компании за нивната поддршка.

Со воена свеченост и дефиле на единиците во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе биде одбележан Денот на 2. пешадиски баталјон „Скорпии“ од составот на 1. пешадиска бригада, како и 30-годишнината од формирањето на единицата.

Припадниците на баталјонот ќе го одбележат и патрониот празник, кој е поврзан со формирањето на 14. Македонска народноослободителна ударна бригада во селото Митрашинци, како и три децении од возобновувањето на традициите на единицата во независна Македонија.

Одбележувањето ќе започне со положување цвеќе пред спомен-обележјето „Македонија“, на влезот во касарната. Потоа ќе следуваат воениот церемонијал, предавањето рапорт и обраќања на командантот на баталјонот и претставници на Армијата.

Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени стимулативни мерки, пофалници и награди на припадници на единицата, како и благодарници на институции и компании кои придонеле за поддршка и афирмација на Армијата.