Свет

Трамп ѝ се закани на Европа со сериозни царини ако Канада се приклучи на ЕУ

17.09.2026 09:33

Американскиот претседател Трамп се закани со трговска војна со Европа ако Канада стане „придружна членка“ на ЕУ. Заканата уследи откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ со продлабочена соработка.

Американскиот претседател Трамп се закани со трговска војна со Европа ако Канада стане „придружна членка“ на ЕУ. Најави воведување сериозни царини, па дури и ограничување на трговијата со Европа, оценувајќи го потегот на Брисел како непријателски кон САД.

„Ако Европа го направи тоа со лоша намера, ќе воведеме многу високи царини врз нив. Можно е дури и да престанеме да тргуваме со Европа во многу области“, изјави Доналд Трамп • претседател на САД.

Заканата уследи откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ со продлабочена соработка во одбраната, технологијата, енергетиката, критичните минерали и Арктикот. Статусот засега не постои во правната рамка на ЕУ и ќе бара дополнителни преговори и согласност од земјите членки.