Македонија

Спелеолози од 15 земји ќе истражуваат пештери во прилепско

17.09.2026 13:24

Прилеп, а и Македонија за првпат е домаќин на спелеолози од 15-тина земји кои ќе ги истражуваат подземните убавини кои природата ги создавала со милениуми. Нови откритија, но и зацврстување на регионот на мапата на авантуристичкиот туризам.

Околу 150 спелеолози од 15 земји до недела ќе истражуваат шест пештери и пропасти во мариовскиот и во прилепскиот регион и ќе ги откриваат убавините кои природата ги создавала низ милениумите длабоко во карпестиот предел. Прилеп е домаќин на 18-тиот Балкански спелеолошки камп стациониран во прилепското село Штавица каде Манчевски снимаше.

Врвните спелеолози имаат очекувања за откривање на чудата на природата зашто карпестиот предел е многу податлив.

Ќе има работилници за истражување, скицирање на сè уште неоткриени пештерски канали и неповторливи светови на природата.

Елизабета Митреска