Регион

Зголемени полициски сили пред Владата на Косово во пресрет на најавениот протест

17.09.2026 09:13

Зголемени полициски сили се распоредени пред Владата на Косово, во пресрет на најавениот протест по пресудите за поранешните водачи на ОВК. Вчерашните траеја до доцна вечерта, а двајца демонстранти се приведени по обид да ја пробијат полициската ограда.

Премиерот Курти пресудата ја нарече „неприфатлива неправда“ и најави институционална поддршка за жалбите. Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор, Кадри Весељи на 18, Реџеп Сељими на 13, а Јакуп Красниќи на 25 години. Сите ја негираа вината, а пресудите се предмет на жалбена постапка