Мобилни камери на граничните премини
Со мобилни камери Царинската управа ќе ја спречува корупцијата, подобрува транспарентноста, и зајакнува јавната доверба кај граѓани. За почеток ќе бидат поставени 30 камери на три гранични премини во земјава. Камерите се донација од САД …

Спречување на корупција и нелегалните активности, безбедна средина за граѓаните но и царинските службеници, треба да обезбеди системот за телесни камери кој почнува да функционира на царинската управа.
За почеток камерите ќе се постават на три гранични премини. Истите ќе функционираат на Табановце, Ќафасан и Блаце.
Првиот човек на македонската царина посочува со 30-те нови камери се поставува стандард за поголема професионалност. Камерите појасни ќе забележат можно несоодветно однесување од царинскиот службеник, но и односот на патниците, превозниците и економските оператори.
„Царинската управа има јасна определба, нема место за корупција и злоупотреба на службените овластувања. Нашата цел не е само да откриеме неправилности кога ќе се случат. Нашата цел е да создадеме средина во која неправилностите и злоупотребите ќе се спречуваат“, истакна директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски.
За САД силните институции се основа за безбедно и просперитетно општество, истакна вршителката на должност амбасадор. Заеднички рече Варнс се создава безбедна средина за тргување, патување и инвестиции.
„Опремувајќи ги царинските службеници со модерна технологија, ги оспособуваме да ги извршуваат своите должности со поголем интегритет и ефикасност. Ова пак и овозможува на Македонија да ги исполни своите обврски како стабилен партнер во регионалната и глобална безбедност“, нагласи Никол Варнс, вршител на должност амбасадорка на САД.
Системот за телесни камери е донација од Меѓународната програма за обука и помош на САД.
Елена Георгиевска
