МВР: 1.875 прекршоци и 116 кривични пријави во контролите на велосипедисти и мотоциклисти
Најголем број прекршоци се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503, по што следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178 и СВР Штип со 169 прекршоци.

Во текот на август годинава, МВР спровело засилени сообраќајни контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролите биле констатирани вкупно 1.875 прекршоци.
Најголем број прекршоци се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 503, по што следуваат СВР Битола со 230, СВР Струмица со 216, СВР Охрид со 179, СВР Тетово со 178 и СВР Штип со 169 прекршоци.
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 147 прекршоци, СВР Велес 128, а СВР Куманово 125.
Од вкупниот број прекршоци, 1.563 се однесувале на неносење заштитна кацига при управување со возилото.
Во рамки на акциските контроли, против 116 возачи биле поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а согласно член 300-б биле одземени 97 мотори.
Покрај прекршоците поврзани со возачите на велосипеди и мотоцикли, при контролите биле констатирани и 3.259 други сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.
