Владата планира да го гради Националниот дата центар во близина на Скопје, на државно земјиште
До крајот на годината да биде донесена Националната стратегија за вештачка интелигенција, регулирана со Закон за употреба, очекува министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во однос на изградбата на Националниот дата центар, Андоновски вели дека во тек се разговори со потенцијални финансиери на проектот, а во Министерството за транспорт веќе се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локација.

Во близина до Скопје, на државно земјиште до една од индустриските зони, Владата планира да го гради Националниот дата-центар. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вели во финална фаза се подготовките и веќе се разговарало со потенцијалните финансиери.
Министерот Андоновски најави – до крајот на годината ќе се носи Националната стратегија за вештачката интелигенција, утре ќе биде презентиран и првиот документ во кој се содржани јасни задачи до институциите. За в година најави и Закон за употребата на вештачката интелигенција.
Пред неколку дена првиот човек на водечката компанија на ви-индустријата, Дарио Амодеи, предупреди дека вештачка интелигенција треба да го забави развојот на оваа технологија за да овозможи безбедносните мерки да го пратат забрзаниот раст на ризиците, во спротивно во рок од 6 до 12 месеци автономни роеви на ВИ-модели би можеле да станат способни да преземат контрола врз целиот интернет и да предизвикаат огромни штети. Во меѓувреме се пријавуваат и нови инциденти со вештачката интелигенција, дејствуваат сами без дозвола или се обидуваат да избегнат човечки надзор.
Викторија Милевска
