Култура

„Пресек“ на Ирена Паскали во Чифте амам

17.09.2026 20:23

Изложбата претставува селекција од творештвото на Паскали, во кое се застапени фотографија, видео, цртеж, експериментален филм и перформанс. Нејзината уметничка работа се фокусира на човекот, идентитетот и општествените прашања.

Во Чифте амам утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пресек“ на мултимедијалната уметница Ирена Паскали, со која се одбележуваат 30 години од нејзиното уметничко дејствување.

Изложбата претставува селекција од творештвото на Паскали, во кое се застапени фотографија, видео, цртеж, експериментален филм и перформанс. Нејзината уметничка работа се фокусира на човекот, идентитетот и општествените прашања.

Паскали има реализирано повеќе самостојни изложби и учествувала на бројни меѓународни изложби, а е добитник и на повеќе меѓународни стипендии и награди.

Изложбата е дел од програмата на Националната галерија за 2026 година и е поддржана од Министерството за култура и туризам и германскиот ИФА. „Пресек“ ќе биде поставена во Чифте амам до 22 октомври.