„ОДВ Електрик“ почна со пробно производство, напролет стартува со градба на фабриката
Германската компанија „ОДВ Електрик“ напролет ќе гради производна хала на површина од 10 илјади метри квадратни во слободната трговска зона меѓу Струга и Охрид. Планира отворање на илјада работни места.
Во веќе постоечка хала во Охрид во рамките на браунфилд инвестицијата на германската компанија „ОДВ Електрик“ веќе започнаа со работа 25 работници. Досега во овој погон се вложени 600.000 евра за адаптација и опремување, а до крајот на годината ќе се вработат 100 лица.

Денеска беше најавена реализацијата на гринфилд инвестицијата, каде што во првата фаза „ОДВ Електрик“ ќе инвестира околу 4 милиони евра, а со заокружувањето на проектот ќе бидат вработени 1.000 лица.