Кривичен Суд

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“

18.09.2026 08:25

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава, на 9-ти септември на граничниот премин „Блаце“ сам се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава, на 9-ти септември на граничниот премин „Блаце“ сам се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сè уште беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението пред судот го застапуваат обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски од Основното јавно обвинителство Скопје.