Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија
На средбите, дел од граѓаните говореле за тешкотиите при вработување и, како што посочиле, потценувањето на стручноста и компетентноста на сметка на фамилијарната, политичката и партиската припадност.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средби со граѓани во Народната канцеларија во Скопје, кои пред неа ги споделија своите проблеми, критики, но и идеи и иницијативи за подобрување на состојбите во различни области.
На средбите, дел од граѓаните говореле за тешкотиите при вработување и, како што посочиле, потценувањето на стручноста и компетентноста на сметка на фамилијарната, политичката и партиската припадност.
Други укажале на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост, недоволната институционална грижа и нивната исклученост од процесите на одлучување. Било посочено и на недоволното искористување на знаењето и искуството на македонски граѓани во странство.
Сиљановска-Давкова ги ислушала граѓаните и ги запознала со надлежностите на претседателската функција, како и со улогата на нејзиниот Кабинет во информирањето на надлежните институции за нивните предлози, иницијативи и претставки.
Претседателката ги споделила и своите ставови за поставените прашања и можните решенија, а на крајот била истакната отвореноста на Народната канцеларија за поширока дебата за проблемите и прашањата што ги засегаат граѓаните.
