Женска ракометна селекција

Со 19 ракометарки против Италија

01.10.2014 14:41

Селекторот на нашата најдобра женска ракометна селекција Ристо Магдинчев  го објави конечниот список на ракометарки на кои смета на стартот од квалификациите за светското  првенство во  2015-тата. Во главно очекуваниот избор интересно е што како никогаш досега речиси половина од повиканите се наши интернационалки што настапуваат во странство, а другите се сите од Металург со исклучок на вардарката Петковска. Во селекцијата одново се враќа Мерија Штериова која настапува во унгарски Вац, а во отсуство на Младеновска товарот на линијата од 6 метри ќе го понесат Илкова и Мечевска.

Селекторот на нашата најдобра женска ракометна селекција Ристо Магдинчев  го објави конечниот список на ракометарки на кои смета на стартот од квалификациите за светското  првенство во  2015-тата. Во главно очекуваниот избор интересно е што како никогаш досега речиси половина од повиканите се наши интернационалки што настапуваат во странство, а другите се сите од Металург со исклучок на вардарката Петковска. Во селекцијата одново се враќа Мерија Штериова која настапува во унгарски Вац, а во отсуство на Младеновска товарот на линијата од 6 метри ќе го понесат Илкова и Мечевска. Првиот натпревар во групата во која е и селекцијата на Исланд нашата репрезентација ќе го одигра на 9 октомври во СРЦ Кале против селекцијата на Италија.

ГОЛМАНИ:

1. Антиќ Наташа ЖРК МЕТАЛУРГ

2. Петковска Драгана ЖРК ВАРДАР СЦБТ

3. Зафирова Ивана КХФ КАСТРИОТИ-КОСОВО

КРИЛА:

4. Саздовска Јована ЖРК МЕТАЛУРГ

5. Митрова Драгица ЖРК МЕТАЛУРГ

6. Николовска Симона ЖРК МЕТАЛУРГ

7. Ристовска Сара ЖРК МЕТАЛУРГ

БЕКОВИ:

8. Јовановска Дајана ЖРК МЕТАЛУРГ

9. Керамитчиева Теа ЖРК МЕТАЛУРГ

10. Саздовски Ивана РК КОБЛЕНЦ- ГЕРМАНИЈА

11. Белеска Андреа ЖРК МЕТАЛУРГ

12. Величковска Габриела ЖРК МЕТАЛУРГ

13. Ѓорѓиевска Душица МУРАТ ПАША БЕЛ -ТУРЦИЈА

14. Гроздановска Симона А.Ц ПАОК САЛОНИКА- ГРЦИЈА

15. Десподовска Зорица МУРАТ ПАША БЕЛ-ТУРЦИЈА

16. Штериова Марија РК ИПРЕС ВАЦ- УНГАРИЈА

17. Ѓорѓиевска Елена РК БАЈА МАРЕ-РОМАНИЈА

ПИКЕРИ:

18. Мечевска Робертина РК АНКАРА 1910 – ТУРЦИЈА

19. Илкова Ленче РК УСКУДАР БСК –ТУРЦИЈА