Утре почнува 47-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Битола во сабота повторно станува центар на филмската уметност, стартува 47. Издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Ќе трае до 25-ти септември.

Битола во сабота повторно станува центар на филмската уметност, стартува 47. Издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Ќе трае до 25-ти септември. Македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума ќе ја отвори една од најважните филмски недели во годината.
На свеченото отворање ќе му биде врачена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на актерот Петре Арсовски, за неговиот исклучителен придонес кон македонската кинематографија.
Од 19-ти до 25-ти септември фестивалот носи проекции, мастер-класови, панели и средби со реномирани светски кинематографери, а меѓу годинашните лауреати се и Дан Лаустсен и Џеф Кроненвет.
