Европа

Почна преместувањето на мигрантите во Сеута

18.09.2026 15:06

Операцијата почна со распоредување на неколку патроли на Цивилната гарда, чија задача беше да ги соберат мигрантите и потоа да ги префрлат во новиот прифатен центар поставен во пристаништето.

Под зголемени тензии почна преместувањето на мигрантите во Сеута кои престојуваа во импровизираните населби на плажите каде се наоѓаат најголемите населби на мигранти кои пристигнаа за време на масовниот бран пред 49 дена.

Операцијата почна со распоредување на неколку патроли на Цивилната гарда, чија задача беше да ги соберат мигрантите и потоа да ги префрлат во новиот прифатен центар поставен во пристаништето.

Ова доведе до хаотични сцени во кои мигрантите очајнички се туркаа за да обезбедат место во кампот.