КОСОВО

Ветераните на ОВК на протест по пресудите од Хаг

18.09.2026 15:37

Организацијата на ветерани на ОВК за денеска најави национален протест во Косово по пресудата на Специјализираните совети во Хаг.

Организацијата на ветерани на ОВК за денеска одржува национален протест. Според нив, пресудата на Хаг го намалува значењето на нивната борба за слобода.

Специјализираните совети на Косово во Хаг пред два дена ги прогласија четворицата обвинети за воени злосторства – незаконско или произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и убиство.

Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весели 18, а Селими 13 години. Истовремено, судот ги ослободи од обвиненијата за злосторства против човештвото.