„AWAKE“ на Шејла Камериќ вечерва во Музејот на современа уметност
Во меѓународното претставување во Museums Quartier во Виена во април годинава, „AWAKE“ во Скопје ќе биде прикажан во присуство на уметницата. Камериќ преку просторно-партиципаторска светлосна инсталација го трансформира музејскиот простор во место на будност, сеќавање и заедничка ранливост.

Музејот на современа уметност во Скопје вечерва ќе биде домаќин на инсталацијата „AWAKE“ на меѓународно признатата уметница Шејла Камериќ. Проектот се реализира во рамки на програмата на КРИК – фестивалот за критичка култура, во организација на „Контрапункт“.
Во меѓународното претставување во Museums Quartier во Виена во април годинава, „AWAKE“ во Скопје ќе биде прикажан во присуство на уметницата. Камериќ преку просторно-партиципаторска светлосна инсталација го трансформира музејскиот простор во место на будност, сеќавање и заедничка ранливост.
Инсталацијата го поврзува личното и колективното искуство и отвора прашања за сеќавањето, загубата, сведочењето и односот кон туѓата ранливост. Во делото гледачот не е само набљудувач, туку станува дел од просторот и процесот што го создава инсталацијата.
Шејла Камериќ, родена во Сараево во 1976 година, во својата повеќедецениска уметничка практика ги истражува сеќавањето, идентитетот, политиката и наследството од конфликтите. Нејзини дела се претставувани во значајни институции и изложби, меѓу кои Tate Modern во Лондон, Centre Pompidou во Париз, MACBA во Барселона и Istanbul Modern.
Меѓу нејзините позначајни проекти се „EU/Others“, „Bosnian Girl“, „Ab uno disce omnes“ и „CEASE“. Во 2026 година нејзината работа ќе биде претставена и во рамки на Manifesta 16 Ruhr и Mardin Biennial.
КРИК – фестивалот за критичка култура е поддржан од повеќе домашни и меѓународни организации и институции.
