МВР

Три лица лишени од слобода за предизвикување пожар на депонијата кај Буково

18.09.2026 14:01

Тие биле затекнати по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата полицијата забележала и товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со кабли и друг материјал.

Три лица се лишени од слобода поради сомнение дека предизвикале пожар на депонијата кај Буково, во близина на Охрид. Случајот е пријавен во полицијата, а по неговото целосно документирање ќе следува кривична пријава.

Од СВР Охрид информираат дека на 17 септември во 19:30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Ф.А. (27) од Кавадарци, Е.И. (31) од Штип и Е.Н. (38) од Струга.

Тие биле затекнати по претходна пријава дека на депонијата запалиле поголема количина кабли. Во близина на депонијата полицијата забележала и товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, натоварено со кабли и друг материјал.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување општа опасност“.