Голема акција за расчистување на дивата депонија кај изворот Рашче

01.10.2014 14:49

Оваа дива депонија освен што ја загадуваше животната средина претставуваше и потенцијална опасност за водата за пиење од изворот Рашче. Со нејзиното разчистување надлежните велат се решава повеќе годишниот проблем...

Грда слика, несовесност, неправда, најблага форма да се опише ова што не дочека овде. Човечката рака удрила по природата онаму каде што последиците можат да бидат фатални. Смет во близина на изворот од кој вода пијат стотици илјади граѓани. Надлежните во акција да се изчисти дивата депонија.  200-те кубика смет ќе завршат на Дрисла.

„Оваа депонија за неколку месеци или до година нема да постои, просторот ќе се зазелени. Тоа значи дека локалната самоуправа конкретно општина Сарај превзема чекори кон набавка на механизација, камиони кои што ќе го собираат сметот, а веќе набавија и контејнери“, рече Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање.

Ќе има засилени инспекциски контроли. Казните за фрлање смет на недозволени места сео д 50 до 100 евра.

„Апелираме до граѓаните на општина Сарај во сите населени места да бидат претпазливи затоа што нема да има толеранција за тие граѓани што фрлаат отпад на места што не се за таа намена“, рече Беким Мурати, градоначалник на општина Сарај.

И покрај дивата депонија во близина на изворот Рашче, скопјани пијат чиста и безбедна вода- велат надлежните.

Оваа дива депонија освен што ја загадуваше животната средина претставуваше и потенцијална опасност за водата за пиење од изворот Рашче. Со нејзиното разчистување надлежните велат се решава повеќе годишниот проблем. 

Андријана Атанасовска